X
 18.09.2019 Образование

Кои училишта во Скопје имаат повеќе од 30 првачиња во одделение?

Најавите дека нема да има паралелки со повеќе од 30 првачиња не се остварија во сите основни училишта во земјава. Носењето на новиот Закон за основно образование, кој предвидува бројот на деца во една паралелка да не е поголем од 30, не се совпадна со времето кога тие се формираат. Во некои училишта формирале одделенија според старото, а во други - според новото законско решение. Така, сè уште има основни училишта со паралелки со над 30 дечиња.

Од Министерството за образование и наука се категорични дека одредбите во новиот Закон за основно образование според кои во една паралелка може да има од 20 до 30 ученици почнуваат да важат од оваа учебна 2019/2020 година и се однесуваат за новозапишаните ученици во прво одделение.

Прочитајте повеќе на ДЕЦА.МК



Подготвил: Сребра Ѓорѓијевска / srebra.gjorgjijevska@fakulteti.mk

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование