X
 18.10.2021 Живот

Како пандемијата го промени животот на младите на Балканот?

Маска, ракавици, дистанцирање, компјутер, телефон, неизвесност, учење и дружење онлајн, страв од губењето на работното место, проблеми со барање работа - ова се само некои од аспектите на животот на младите луѓе што се сменија во март 2020 година, кога светот застана поради пандемијата на коронавирусот.

Навикнати да комуницираат онлајн, младите луѓе лесно се приспособија на онлајн наставата, работата од дома и новата нормалност.

Сепак, поради пандемијата, дојде до губење на мотивацијата за учење и поголеми стравови за иднината. Ова се резултатите од истражувањето спроведено од Британскиот совет во шест земји од Западен Балкан во текот на јануари 2021 година.

Во истражувањето учествувале испитаници на возраст од 16 до 29 години што живеат во Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Македонија, Албанија и во Косово.



Извор: ВВС
Фото: Screenshot/BBC
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот