X
 18.11.2021 Живот

Овие 60 земји имаат најдобра стапка на вакцинација против ковид-19

Универзитетот „Џонс Хопкинс“ направи меѓународно рангирање за тоа кои земји имаат најдобра стапка на вакцинација во светот. Како што велат оттаму, некои земји масовно ги зголемија напорите за вакцинација во 2021 година.

САД целосно вакцинирале само 59,44 отсто од целото население против ковид-19, што ги рангира на 55. место. САД беа рангирани на 40. место во септември, а на 18. место во јули. И Германија доживеа сличен неуспех, со оглед на гласната антиваксерска заедница. Од 22. место во јули, денес Германија се наоѓа на 33. место.

Израел е уште еден пример за земја која почна силно на почетокот на 2021 година, но забележа драматичен пад на вакцинирање. Израел беше рангиран на 10. место според стапката на вакцинација со околу 58 отсто вакцинирани луѓе во јули, но оттогаш падна на 44. место и денес има 63,55 отсто вакцинирани луѓе.

Во меѓувреме, некои земји што имаа лош почеток на вакцинирање против ковид-19 во првата половина на 2021 година сега имаат подобри резултати. Австралија, која во средината на јули имаше само 12,18 отсто вакцинирани луѓе, денес има 70,32 отсто вакцинирано население. И Јапонија, која беше рангирана на 46. место во светот, во септември со приближно 50 отсто стапка на вакцинација се искачи на 18. место денес и има 74,91 отсто вакцинирано население.

doktor
Фото: Freepik

Листата подолу го покажува процентот на вакцинирана популација во секоја земја, врз основа на податоците од Универзитетот „Џонс Хопкинс“. Имајте предвид дека процентите се за целото население, а не за процентот од населението кое моментално ги исполнува условите за вакцинација против ковид-19 врз основа на локални здравствени упатства.

Повеќето земји во светот сè уште не ги вакцинираат малите деца, што значи дека стапките на вакцинација може да бидат многу повисоки во некои од овие земји ако вклучите само луѓе од 12 години и постари или 16 години и постари, во зависност од упатствата во дадена земја. Куба, на пример, минатиот месец почна да ги вакцинира децата на возраст од две години, додека САД штотуку почнаа да ги вакцинираат децата над 5 години. Но, земјите како Шпанија и Италија во моментов вакцинираат само деца над 12 години.

1. Обединети Арапски Емирати - 90,19 отсто
2. Португалија - 86,69 отсто
3. Малта - 85,63 отсто
4. Чиле - 82,91 отсто
5. Сингапур - 82,47 отсто
6. Камбоџа - 80,06 отсто
7. Шпанија - 79,55 отсто
8. Сејшели - 78,66 отсто
9. Катар - 78,33 отсто
10. Малезија - 77,56 отсто
11. Исланд - 77,37 отсто
12. Кина - 76,73 отсто
13. Канада - 76,23 отсто
14. Ирска - 76,16 отсто
15. Уругвај - 76,10 отсто
16. Данска - 76,07 отсто
17. Белгија - 75,00 отсто
18. Јапонија - 74,91 отсто
19. Бутан - 73,36 отсто
20. Италија - 72,29 отсто
21. Холандија - 72,53 отсто
22. Куба - 71,81 отсто
23. Финска - 71,77 отсто
24. Норвешка - 70,53 отсто
25. Австралија - 70,32 отсто
26. Бахреин - 69,95 отсто
27. Нов Зеланд - 69,22 отсто
28. Франција - 69,02 отсто
29. Обединетото Кралство - 69,81 отсто
30. Малдиви - 67,91 отсто
31. Маврициус - 67,80 отсто
32. Шведска - 67,72 отсто
33. Германија - 67,53 отсто
34. Луксембург - 67,50 отсто
35. Брунеј - 67,42 отсто
36. Монголија - 66,49 отсто
37. Сан Марино - 65,95 отсто
38. Швајцарија - 65,42 отсто
39. Лихтенштајн - 65,16 отсто
40. Австрија - 64,59 отсто
41. Андора - 64,21%
42. Саудиска Арабија - 64,13%
43. Фиџи - 63,64 отсто
44. Израел - 63,55 отсто
45. Литванија - 62,75 отсто
46. Шри Ланка - 62,48 отсто
47. Ел Салвадор - 61,47 отсто
48. Мароко - 61,02 отсто
49. Аргентина - 60,53 отсто
50. Грција - 60,32 отсто
51. Монако - 59,82 отсто
52. Бразил - 59,80 отсто
53. Еквадор - 59,54 отсто
54. Турција - 59,44 отсто
55. САД - 59,44 отсто
56. Унгарија - 59,05 отсто
57. Естонија - 58,28 отсто
58. Чешка - 57,96 отсто
59. Костарика - 57,90 отсто
60. Латвија - 57,79 отсто

Извор: Gizmodo.com
Фото: Freepik
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот