X
 18.12.2018 Технологија

Во еден ден двоцифрен раст на вредноста на биткоинот

Вредноста на биткоинот, по повеќемесечниот пад, се искачи над 3.400 долари. Растот е благодарение на зголеменото купување на криптовалутата во Јапонија и во Хонг Конг.

На платформата Битстамп биткоинот забележа најголем дневен пораст од 28 ноември, дури за 11 проценти.

Вредноста на најпознатата криптовалута се намали за околу 80 отсто во однос на вредноста што ја имаше во декември минатата година. Само во последните три месеци вредноста на биткоинот се намали за речиси 50 проценти.

Еден биткоин минатата година достигна до 19.511 долари, а потоа почна пад, така што криптовалутата изгуби 82 отсто од својата вредноста.

Извор: МИА

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија