X
 18.12.2019 Култура

Нови изданија од „Светот на Биби“

„Светот на Биби“ е неуморлив и постојано возбудлив. Тимот на креативци се труди постојано да креира интересни содржини од кои детската публика ќе има многу што да научи, а и да биде креативна.
Сказната „Биби, Боби и непослушното јајце“ е нашата најнова содржина, која им се придружи на петте веќе објавени сказни на Биби. Приказната со истиот наслов што ја напиша Билјана Црвенковска на нашиот јутјуб-канал Биби децата ја обожаваат. Нашите млади читатели ќе можат да научат за светот на диносаурусите. Во печатеното издание, освен приказната, децата имаат и вклучени активности.



За илустрациите на сказната се погрижија Маја Џеповска и Магдалена Тофиловска.
„Весели активности“ е новото издание во кое дечињата ќе можат да бидат креативни, да бојат, да решаваат задачи, загатки, јазични вежби, математички предизвици и многу други активности.



Новите производи можете да ги најдете во специјализираната продавница на Биби во ГТЦ (I кат, до терасата на ресторан „Џино“), на интернет-страницата www.svetotnabibi.mk и во дел од најголемите книжарници низ Македонија.
Во наредниот период ќе следуваат уште многу содржини од „Светот на Биби“.


Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура