X
 18.12.2022 Живот

Новите домови во Токио ќе мора да имаат соларни панели

Сите нови куќи во Токио ќе мора да имаат соларни панели.

Оваа нова регулатива, која штотуку била одобрена, ќе стапи во сила во април 2025 година. Целта е да се намалат емисиите на јаглероден диоксид на домаќинствата.

Според регулативата, околу 50 компании што градат домови на големо ќе мора да ги опремат новите куќи со извори на обновлива енергија од најмногу 2.000 квадратни метри.

Гувернерот на Токио, Јурико Коике, посочил дека само 4 отсто од зградите на кои може да има соларни панели, всушност, во моментов имаат вакви панели. Истовремено, градот сака двојно да ги намали емисиите на стакленички гасови до 2030 година, во споредба со нивото во 2000 година.

Јапонија е петти најголем загадувач во светот кога станува збор за емисиите на јаглероден диоксид.

Извор: Reuters
Насловна фотографија: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот