X
 19.01.2017 Живот

Срушен митот за подгревањето на спанаќот од страна на млад студент

Во спанаќот и во останатиот зелен зеленчук со подгревање се создаваат материи кои би можеле да бидат канцерогени, така гласеше предупредувањето на Европскиот совет за информации за храна (EUFIC), но таквото уверување конечно е отфрлено откако еден студент од Хонг Конг по долга и упорна процедура успеал да го увери Советот дека се работи за полувистина.

спанаќ
Фото: Freepik

Европскиот совет за информации за храна своевремено предупредуваше дека со подгревањето настануваат нитрозамини, потенцијални канцерогени материи. Студентот сметал дека многумина ги менуваат своите навики во исхраната токму заради тоа уверување, па поднел неколку тужби на весниците. Весниците на крајот го упатиле кон Советот, а тој им испратил детална аргументација, задно со табеларен приказ. Му одговориле дека ја отстраниле таа одлука и дека го ценат неговото време и коментари, па ќе ги земат предвид. Од Советот велат дека инсистирањето на Алберт е причината заради која се отстранило предупредувањето.

- Во присуство на поединечни ензими и бактерии, нитратите во храната можат да бидат претворени во нитрити. Нитритите реагираат со аминокиселините и формираа нитрозамин во одредени околности, како во кисела средина и висока температура. Точно е дека до таква реакција теоретски може да дојде. Но, вашето предупредување ја генерализира оваа појава и ги тера читателите да дејствуваат проактивно. Дали можете да објавите извор од истражувачка работа кои го тестирале нивото на нитрити во остатоците од храната која била во фрижидер 24 часа? Мојот главен аргумент е дека не се изведени вистински експерименти и нема доволно докази заради кои на луѓето би им се препорачало да го променат начинот на исхрана. Количината на нитрити кое се присутни за време на варењето е она на кое треба да се обрати внимание, а не само на нивното присуство во храната - напишал студентот.
Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот