X
 19.01.2020 Уметност

Импресивна изложба составена од повеќе милиони лего-коцки

Импресивни конструкции од пластични коцки на данскиот произведувач на играчки „Лего“ беа изложени во просториите на Националниот стадион во Варшава.

Изложбата, која предизвика восхит поради својата големина, привлече голем број посетители кои имаа можност да видат импресивни макети од познатите европски градби.

Најмногу внимание предизвика градбата на париската катедрала Нотр Дам, која во голема мера беше уништена во пожар минатата година.

Моделот од катедралата е висок 2,7 метра и долг 3,7 метри, а е изграден од 400.000 коцки. На конструкцијата работеше една личност, на која ѝ биле потребни 500 часа за да ја заврши.

Покрај познатата катедрала, изложени се и стотици други модели, меѓу кои и двете кули на Светскиот трговски центар, бродовите на „Војна на ѕвездите“, седумте светски чуда, ликовите од „Хари Потер“, Фреди Меркјури и многу други.

Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Уметност