X
 19.01.2021 Наука

Мапа од НАСА покажува дека 2020 и 2016 година беа најжешки во историјата

Секојпат кога ќе излезат новости за уште еден извештај за тоа колку страда планетата од загадување, како и тоа дека климатските промени се влошуваат од минута во минута, наместо да мислиме дека светот замина во неповрат, сета таа негативна енергија треба да ја претвориме во позитивно размислување и да почнеме да размислуваме што можеме да направиме за да го спречиме тоа.

Почнете со позитивното размислување бидејќи НАСА неодамна објави видео во кое се прикажува историјата на зголемувањето на температурата во последните 140 години. Работите не изгледаат толку добро бидејќи минатата година беше прогласена за најжешка во историјата, а тука на врвот се наоѓа и 2016 година.

Според истражувачите од Институтот за веселенски истражувања „Годард“ на НАСА, глобалната просечна температура на планетата беше потопла за 1,02 степени Целзиусови од почетната вредност од 1951-1980 година.

nasa
Фото: NASA Goddard Institute for Space Studies/Gavin Schmidt

Просечната температура во 2020 година ја надмина просечната температура во 2016 година за мала количина што се смета за маргина на грешка во анализата, што ги прави овие две години, најтоплите во последните 140 години.

Постојаното зголемување на температурите се должи на зголемувањето на нивото на стакленички гасови предизвикано од разни човечки активности, вклучително и согорувањето на фосилни горива.

- Последните седум години беа најтоплите седум години. Дали една година е рекордна или не, не е толку важно - важните работи се долгорочните трендови. Со овие трендови и како што се зголемува влијанието на човекот врз климата, мора да очекуваме дека рекордите ќе продолжат да се рушат - вели директорот Гевин Шмит.

Следењето на глобалните температурни трендови ни овозможува да следиме критичен индикатор за влијанието на човековата активност, имено емисиите на стакленички гасови. Ова, за возврат значи губење на морскиот мраз и масата на ледените плочи, покачување на нивото на морето, подолги и поинтензивни топлотни бранови, поинтензивни природни феномени, промени во живеалиштата итн.

НАСА, исто така, има тековен проект наречен „Слики од промени“, што ги потенцира најголемите промени што се случуваат на Земјата. За жал, многу од овие промени се должат на влијанието на човекот и климатските промени, како екстремни есенски суши, топење на глечерите и уништување на шумите.



Извор: Bored Panda
Фото: NASA/Goddard
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука