X
 19.02.2019 Живот

Цитати од книгите на Доктор Сјус: „Не плачи бидејќи е готово, насмевни се бидејќи се случило“

Теодор Сјус Жизел, познат како Доктор Сјус, е еден од најсаканите американски писатели, поети и илустратори. Во неговите книги мошне често може да се наиде на важни животни лекции кои се поучни и за возрасните и за децата. Одлични примери се следните реченици.

„Денес, ти си ТИ, тоа е поточно од точно. Нема никој жив кој е повеќе ТИ отколку ти.“

„Ја сакам бесмисленоста, ги буди мозочните клетки. Фантазијата е неопходна состојка на живеењето.“

„Оставен си сам на себе. И го знаеш тоа што го знаеш. И ТИ си оној што ќе одлучи каде ќе оди...“

„Читај. Патувај. Читај. Прашувај. Учи. Читај. Поврзувај се. Читај.“

„Не плачи бидејќи е готово, насмевни се бидејќи се случило.“

„Понекогаш прашањата се комплицирани, а одговорите едноставни.“

„Една личност е личност, без разлика колку е мала.“

„Се плашам дека понекогаш ќе играш и осамени игри. Игри во кои не можеш да победиш бидејќи ќе играш наспроти себе.“

„Зошто да се приспособуваш кога си роден да се истакнуваш?“

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот