X
 19.02.2019 Наука

Денеска на небото ќе сјае Супермесечина - најголема годинава

Ова ќе биде втора од трите овогодишни Супермесечини: првата ја видовме на 21 јануари, а третата се очекува на 21 март.

Во јануари уживавме во спектакуларниот поглед на волчјата суперкрвава Месечина, а сега љубителите на астрономијата ќе имаат можност да видат уште еден феномен - денес на небото ќе блесне најголемата полна Месечина за оваа година. Оваа Супермесечина е втора од трите овогодишни.

Таканаречената Супермесечина е всушност полна Месечина како и сите други во годината, но се појавува во моментот кога Месечината се наоѓа најблиску до Земјата во својата елиптична орбита околу нашата планета. Бидејќи се наоѓа поблиску, се чини поголема и посветла од вообичаено. Научниците не го споделуваат нашиот ентузијазам и велат дека разликата е толку мала, што всушност е незабележителна.

Овој пат Месечината ќе биде најблиску до Земјата денеска во 10:07 часот. Во тој момент нашиот природен сателит ќе биде оддалечен 356.761 километар од нашата планета. Во просек Месечината од Земјата е оддалечена околу 386.242 километри. Најголемото растојание на Месечината од Земјата изнесува околу 407.164 километри.

Во некои региони полната Месечина во февруари се нарекува снежна месечина поради големиот снег што често паѓал во тоа време.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука