X
 19.02.2019 Живот

Србите размислуваат да воведат казна за предизборни лаги. Ни треба ли и нам?

Познатата српска адвокатка Весна Ракиќ-Водинелиќ неодамна дошла до заклучок дека целата српска политичка сцена е едно големо дежа ви. Во последните 40 години на сцена дефилираат исти лица кои само си ги менуваат позициите, вели таа.

Како Путин - Медведев - еднаш ги гледате како премиери, другпат како претседатели или обратно, не мора по тој редослед, но секогаш ги гледате горе, никогаш долу. И нема нови лица.

За да заврши ова, Ракиќ-Водинелиќ предлага неколку законски измени - меѓу другото, мандат од осум години. Тоа значи осум години владеење и чао, пензија. Според нејзиното мислење, ова е еден од начините власта да се врати во рацете на народот.

laga
Фото: Shutterstock


Поранешниот српски претседател Борис Тадиќ ја поддржа идејата на Ракиќ-Водинелиќ, но не запира на идејата за ограничување на мандатот, туку предложи и дополнително ограничување кое би им го направило невозможен животот на повеќето политичари. Тадиќ предлага воведување казна за политичка измама. Тука спаѓаат предизборните лаги и сличните злодела на кои сите сме навикнати.

Казнувањето на лажењето и ограничувањето на мандатот не се алатки на демократскиот Запад, тие се построги од вообичаениот стандард, но предлозите на Тадиќ и Водинелиќ се неопходни бидејќи ниската општа и политичка култура на граѓани бара дополнителни механизми за заштита. Тоа е исто како да им ограничите на тинејџерите да возат автомобили послаби од осум коњски сили. Според мислењето на Тадиќ, потребно е да се зајакнат институциите и демократијата и на долг рок да се гради политичка култура, така што демократските избори на крајот можат да се одржат и во регуларни демократски изборни услови. Тој вели дека е добро да се покрене јавна расправа за ограничувањето на претседателските и премиерските мандати, односно дебата за моделите кои би спречиле појава и опстојување на авторитарни режими.

Судијата Зоран Ивошевиќ од српскиот Уставен суд не би одел толку далеку за на сите да им ја ограничи политичката кариера на два мандати, но би ја ограничил на претседателот и премиерот. Тој вели дека идејата за ограничување на претседателскиот и премиерскиот мандат на осум години е добра и дека е соодветна за оваа земја.

Но, има и исклучоци, каков што е Мухика во Уругвај. Ваков човек заслужува да го избирате колку сакате.

- Мислам дека ова навистина може да биде корисна работа бидејќи кога имате тешка ситуација, тогаш од тоа може да се роди нешто добро - вели тој.

- Замислете во 1997 година да сте знаеле дека Милошевиќ заминува за една година. Не би имало бомбардирање, ни војна, ништо - вели Вељко Лалиќ, уредник на весникот „Неделник“, додавајќи дека осум години е оптимален временски период во кој еден политичар би требало да се задржи на власт.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот