X
 19.02.2022 Живот

Фотограф успеал да сними „чудесна“ магла под планините во Јапонија

Јапонскиот фотограф Јасуто Инагаки снимил блескава слика од планината Татејама во Јапонија со градот под неа. Помеѓу планините горе и шумата долу се наоѓа маса од шарена магла осветлена од градските светла.

Инагаки, кој секогаш го носи својот фотоапарат со себе, бил фасциниран од глетката околу Имизу (93.000 жители), префектурата Тојама, Јапонија, каде што е роден, израснат и живее со своето семејство. Негов омилен е прекрасниот планински венец Татејама покриен со снег, кој достигнува речиси 3.410 метри и е една од трите свети планини во Јапонија.

Фотографијата изгледа како да е случајно направена, додека Инагаки се фокусирал на планината за време на студената јануарска ноќ. Но, не е така.

- Оваа фотографија е направена намерно. Месечевата светлина направи планината Татејама да изгледал прекрасно. Покрај тоа, имаше магла во градот, па затоа одлучив да одам на повисоко место за да имам поубав поглед, па ја направив оваа фотографија - вели фотографот.

fotografija

- Фотографијата беше направена од планината Инаба во градот Ојабе. Се наоѓа на западната страна на Тојама, и е најдоброто место за да се види градскиот пејзаж на Тојама и планинскиот венец Татејама.

Инагаки ја насловил фотографијата „Чудото на Тојома“. Откако ја споделил фотографијата на интернет, дури и гувернерот на префектурата Тојома ја објави на „Твитер“ со пофални зборови.

Извор: Petapixel.com
Фото: Yasuto Inagaki/Instagram
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот