X
 19.03.2019 Живот

Психолошки прашања што ќе ви помогнат да ја прочитате личноста

Денес, длабоките разговори станаа сосема нов начин на комуникација што им помага на луѓето подобро да се запознаат.

Ова се неколку интересни прашања што можете да му ги поставите на вашиот соговорник за работи за кои претходно сигурно не размислувал. Овие прашања бараат детални одговори, така што одговорите како да/не не функционираат. Сепак, важно е да знаете дека не постојат точни одговори.

Запомнете, прашањата не треба да ѝ ги поставувате на личност за која се плашите дека ќе ве разочара.

1. Дали би отворил/а плик во кој го има датумот на твојата смрт? (Со ова прашање можете да го откриете нивото на фатализма и односот кон животот на една личност).

2. Дали би бил/а пријател/ка со себеси? (Преку ова прашање ќе откриете на кое ниво е самодовербата на една личност, нејзината силна страна и слабостите и колку е интересна).

3. Ако би можел/а да видиш мерна скала над главата на луѓето, што би сакал/а оваа скала да мери?
Нивниот статус во општеството, нивото на среќа, богатството...? (Со одговорот на ова прашање ќе ги откриете вредностите и приоритетите на една личност).

4. Што правиш различно од другите луѓе? (Тука можете да ја откриете самодовербата на една личност, нејзината смисла за хумор, нивото на лудост во нив и колку е уникатна).

5. Ако партнерот/партнерката никогаш не дознае дека случајно си го/ја изневерил, дали би му/ѝ кажал за тоа? (Одговорот ги покажува моралните стандарди на една личност и нејзиното однесување кон другите луѓе).

6. Дали некогаш чувствуваш дека овој ден се случил 100 пати претходно?
(Со одговорот на ова прашање ќе дознаете како една личност го живее својот живот и дали животот има значење).

7. Ако жените и мажите би живееле на 2 различни планети, што би им се случило на планетите?
(Со ова прашање можете да разберете дали оваа личност размислува стереотипно или колку е логичар).

8. Ако извршиш криминално дело за да си ги нахраниш децата, дали си лоша личност или си извршил криминално дело поради неопходност? (Повторно, ова ќе ги покаже моралните стандарди на една личност и ставот кон семејството).

9. Ако среќата би била пари, која би била твојата професија?
(Преку ова прашање можете да ги откриете соништата и надежите на една личност, а и што ѝ недостига во животот).
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот