X
 19.03.2020 Забава

Полиција во англиски град преку палачинки ги бара криминалците што се во бегство

На некои места е тешко да ги заинтересирате луѓето за локалниот криминал, па полицијата во Сари, Англија, неодамна почнала да практикува необични методи.

Имено, полицијата објавила фотографии од криминалци на палачинки за да го привлече вниманието на јавноста. Ваквите фотографии биле споделени на социјалните мрежи на полицијата на Денот на палачинките, 25 февруари.



- Побаравме од уметникот за палачинки Филип де Пан да ни помогне да најдеме некои од најбараните криминалци преку уметноста на палачинките - напишале од полицијата во објавата на „Твитер“.

Подоцна, тие признале дека Филип де Пан не е вистинска личност и дека фотографиите биле направени дигитално. Покрај „фотошопираните“ лица на криминалците на палачинки, полициската служба објавила и вистински фотографии од осомничените што се бараат.



Секако, сето ова било шега, но можеби е ефективен начин за да се привлече вниманието на јавноста.

Автор: Мишел Дебџак
Извор: mentalfloss.com

Фото: Pixabay

Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Забава