X
 19.03.2022 Живот

Најдолгиот автомобил во светот стана уште подолг

Гинисовата книга на рекорди е побогата за уште едно достигнување од светот на автомобилизмот. Американскиот седан составен од шест автомобили „кадилак“ е долг 30,5 метри.

Најдолгиот автомобил во светот досега беше „Американски сон“ - ултрадолг седан составен од шест „кадилак елдорадо“, но по процесот на реставрација овој седан стана уште подолг и го подобри сопствениот рекорд. Во Гинисовата книга сега стои дека најдолгиот автомобил на светот е долг дури 30,5 метри (првично бил долг „само“ 18,3 метри, а бил направен во 1986 година).

Денешниот сопственик Мајкл Дезер го купил овој автомобил од човек кој го продолжил за дополнителни 12 метри, го реставрирал и целосно го опремил. „Американски сон“ сега може да прими до 75 патници во кабината. Во ова необично возило, кое е доста тешко за маневрирање, има и воден кревет, базен, џакузи, терен за мини-голф, па дури и хелиодром.

За да се совладаат кривините, автомобилот е поделен на два дела, во средината поврзани со спојка. Се придвижува од два В8 мотори на „Кадилак“ сместени напред и назад.

Бидејќи возилото било напуштено, реконструкцијата го чинела Дезер околу 250.000 долари и траела три години, а вклучувала и мало продолжување на каросеријата за да се подобри Гинисовиот рекорд. Дезер и неговиот тим морале целосно да ги обноват речиси сите делови од возилото. Некои од нив ги замениле со оригинали на „кадилак“, па сега возилото тежи над 11 тони, а неговата конструкција е „како кај челичниот мост“, посочува гордиот сопственик.



Извор: Autonet.hr
Фото: Screenshot/YouTube
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот