X
 19.04.2015 Живот

Сочувството - еволуциски дар за преживување

Емпатија, сочувство и благодарност - ова се карактеристики кои не ни паѓаат на памет кога зборуваме за дарвинизмот и природната селекција.

Она на кое веднаш се сеќаваме се некои од антисоцијалните карактеристики како што се натпреварување, опстанок на најспособните и себичност (како вроден инстинкт).

Но пред се`, еволуцијата може да го извлече најдоброто од нас - токму ова Дарвин го забележал, вели психологот Дачер Келтнер од Беркли универзитетот. Дарвин во неговата книга „Потекло на човекот“ пишува дека за зајакнување на способноста за сочувство главна улога имала човечката еволуција.

„Заедно со човештвото, себичноста, искуството и имитацијата, се развивало и сочувството; тоа ја донело надежта дека ќе ни се врати добро доколку им правиме добро на другите, такашто со текот на времето сочувството се засилувало. Без разлика на тоа како ова чувство настанало, со оглед на тоа што е едно од најзначајните чувства на оние видови за кои е карактеристично помагањето и одбраната на своите членови, на тој начин и се развивала природната селекција. Оние заедници во кои постои огромен број на членови за кои е познато сочувството, најдобро ќе процветаат и ќе имаат доста потомци“, вели Дарвин.

Сепак, тоа не значи дека луѓето немаат двојна природа - способност да бидат бесчувствителни, себични и гладни за моќ. Келтнер го проучува токму тоа. Тој вели дека меѓу богатите има повеќе бесчувствителни луѓе отколку меѓу сиромашните.

 

Подготвил: Тамара Мисирлиевски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот