X
 19.05.2016 Живот

Се откажав од интернет за да им посветам време на своите деца

Американскиот комичар Луј Си-Кеј на неодамнешното гостување во емисијата на Конан О Брајан изјави дека престанал да го користи интернетот за повеќе време да помине со своите деца.

На оваа промена се одлучил кога сфатил дека повеќе време поминувал гледајќи во својот телефон отколку во неговите деца.

„Имам две ќерки и постојано се случуваше додека зборував со нив, мојот телефон да заѕвони, а јас веднаш да погледнам во екранот. Тие се пристојни деца, па ме чекаа. Но, сфатив дека не можеш да ги третираш луѓето само врз основа на нивната реакција. Ако тие тоа го толерираа, не значи дека не ги погодувало. Затоа започнав да го тргам телефонот. Дури и мојата ќерка ја замолив да го блокира пристапот на интернетот, иако обично работите функционираат спротивно“.

Си-Кеј вели дека веќе месец дена не го користи интернетот, а сите прашања кои го интересираат ги прашува неговите пријатели наместо „Google“. „Започнав повеќе да читам. Ја прочитав книгата „Гордост и предрасуди. Луѓето треба да знаат дека децата ги повредува кога постојано зјапаме во глупавиот интернет“, вели тој.

Во знак на благодарност, неговата ќерка му напишала трогателно писмо во кое му кажува дека е горда на него што се откажал од интернетот за да прочита убава книга.

„На децата купете им „ништо“ за Божиќ“, предлага тој.

 

Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот