X
 19.05.2019 Технологија

Новите роботски новинари се сѐ подобри во смислувањето наслови

Американската компанија „Прајмер“ веќе долго време развива вештачка интелигенција што пишуваниот формат може да го формира како човечки новинар. Овој сложен процес од неодамна вклучува и смислување соодветен наслов според содржината на самата статија, а роботите-новинари се сè подобри во тоа.

Вештачката интелигенција досега успеа да ја совлада задачата за собирање податоци и пишување кратки извештаи, но никогаш не постигнала повисоко ниво на креативност каква што имаат човечките новинари. Покрај тоа, сите наслови што компјутерите ги давале биле или погрешни или не биле доволно привлечни за читателите да ги прочитаат статиите.

Новата алатка на „Прајмер“ може сама да смисли наслови што ќе изгледаат како да ги пишувал човек. Не станува збор за совршени наслови, но се добри. Сепак, тие сè уште не ги достигнуваат искусните уредници и автори. Важно е дека вештачката интелигенција станува сè подобра, што значи дека наскоро ќе наидеме на статии слични на оние напишани од вистински новинари.

Што значи ова за професијата новинар? Гледано од перспективата на англиското говорно подрачје, вештачката интелигенција за неколку години може да стане многу добра за кратки статии и извештаи, но проблемот настанува во локализацијата што поради масивните разлики во говорот и граматиката, е многу потешка за совладување.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија