X
 19.05.2019 Живот

Што мислеле луѓето од 20 век за изгледот на нашите домови денес?

Голем дел од нас мислат дека до 2100 година ќе имаме автомобили што летаат, роботи со вештачка интелигенција, одмор на Марс и паметни куќи.

Луѓето со децении предвидуваат како ќе изгледа иднината. За жал, повеќето од нив се утописки предвидувања и човештвото не може да одржува чекор со овие креативни желби. Дали овие предвидувања се екстремно амбициозни или не вложуваме доволно напор во реализирањето на лудите идеи? Постои голем знак прашалник поврзан со тоа што нè чека во иднина. Иако врвната технологија се движи со брзо темпо и многу идеи што изгледале невозможни во минатото сега се и повеќе од реални, не треба да нè понесуваат фантазиите бидејќи иднината може да разочара.

Веб-страницата angieslist.com заедно со „Ноемам студиос“ успеа да визуализира 7 од најексцентричните футуристички идеи што луѓето ги имале во врска со тоа како би изгледале нашите домови во иднина. Истражувачи и уметници ги собраа концептите на научнофантастичните стилови на домови што нашите предци ги замислувале од различни децении на 20 век.

- Понекогаш исцрпни, понекогаш идеалистични, често апсурдни, овие дизајни создаваат чувство на носталгија за таа изгубена невиност - пишува веб-страницата.

Куќа што се движи (1900)


Фото: www.angieslist.com

„Куќа што се движи низ селото“ се наоѓала во колекција картички за цигари нацртана на крајот од 19 век, а покажува каков би бил животот во 2000 година. Оваа утописка визија прикажува подвижна верзија од домот во иднина со архитектонски тенденции што можеме да ги видиме денес. На пример, градината на покривот би можела да го неутрализира јаглеродниот диоксид што го остава возилото, олеснувајќи ја совеста на дигиталните номади.

Стаклена куќа (20-тите години на 20 век)


Фото: www.angieslist.com

Со користење посебен вид стакло дизајнирано да ги прими ултравиолетовите зраци на сонцето, оваа куќа нуди лето во текот на цела година благодарение на светилките со жива.

Како и сите најдобри нови архитектонски иновации, оваа куќа наречена „Виталглас“ првпат била тестирана во зоолошка. Но, куќата предизвикала контроверзии поради загриженоста дека нејзината популарност ќе ги обесхрабри луѓето да не излегуваат надвор.

Куќа што се тркала (30-тите)


Фото: www.angieslist.com

Во септемвриското издание списанието „Секојдневна наука и механика“ во 1934 година ги увери читателите дека сферичните куќи наскоро ќе станат модерни, дури и ако желбата за живеење во вакво чудно издание не е веднаш очигледна. Иновацијата имала цел да направи директна конструкција и испорака на нови домови, бидејќи патувањето во топка би било лоша идеја.

Куќа со мала тежина (40-тите)


Фото: www.angieslist.com

Поцивилизиран начин на движечки куќи е поставувањето на куќата на рамна површина, а потоа оваа површина да ја носат десетина силни луѓе.

Во јануари 1942 година авторите на „Овој недовршен свет“ понудија визија што ни се приближува секој ден: користење супер лесен „аерогел“ за создавање објекти отпорни на земјотреси, кои ќе бараат помалку ресурси за изградба. Денес, најлесниот материјал во светот е графенот аерогел кој може да биде 3Д-испечатен, а научниците се обидуваат да пронајдат начин како да го искористат материјалот за го олеснат еколошкиот данок што го земаат конвенционалните градежни техники.

Вселенска куќа (50-тите)


Фото: www.angieslist.com

Неколку години пред „Купола-дом“ насловната страница на списанието „Научнофантастични авантури“ во декември 1953 година предложи стаклена купола, но во вселената. Оваа купола вклучува двоен слој од стакло што ќе го штити домот од атмосферата во вселената.

Купола-дом (50-тите)


Фото: www.angieslist.com

- Тековните истражувања за соларната енергија и архитектурата покажуваат дека до 1989 година ќе може да живеете во куќа изградена целосно од стакло од челик - пишувало на насловната страница на јунското издание на „Механикс илустрејтед“ во 1957 година.

Освен тоа, ротирачката купола би овозможила ефикасно користење на енергијата од сонцето.

Куќа под вода (60-тите)


Фото: www.angieslist.com

„Џенерал моторс“ ја создаде „Футурама II“ за да ги воодушеви посетителите на светскиот саем во Њујорк во 1964 година. Како што забележа „Џенерал моторс“, постојат цели океани што остануваат неистражени.

- Нашите нови знаења и вештини, нова моќ и подвижност, ни дадоа нов и чудесен подводен свет - пишувало во списанието.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот