X
 19.05.2022 Живот

Секое дете со попреченост има потреба од третман според неговите можности и способности, вели едукаторот Марина Крстиќ

Марина Крстиќ од Битола е специјален едукатор и рехабилитатор за деца со пречки во развојот. Нејзиното 20-годишно искуство со деца ѝ овозможило да ја напише книгата „Секое дете може да учи“, чија содржина е со едукативни активности и конкретни вежби за стимулација.

Таа е член на Сојуз на специјални едукатори и рехабилитатори и член на Институционалниот одбор на социјални установи при Сојузот на специјални едукатори и рехабилитатори во Македонија. Иницијатор и е член на тимот кој првпат во земјава воведе сензорна соба во Дневниот центар за лица со интелектуална и телесна попреченост во Битола и воспостави погранична соработка со KEKYKAMEA – тренинг-центар за социјална поддршка и обука на луѓе со попреченост од Лерин, соседна Грција. Целта била да го пренесе нејзиното практично искуство – воведување електро-акупунктура како иновативен третман кај лицата со телесна инвалидност.

Прочитајте повеќе на Деца.мк

Издвојуваме

Живот