X
 19.06.2017 Здравје

Научниците велат дека брокулата е тајно оружје против дијабетес

Брокулите содржат сосотојка која може да им помогне на пациентите со дијабетес тип 2 која го контролира нивото на шеќерот во крвта, покажуваат нови студии.

Оваа хемикалија која се сретнува во брокулата и никулците која се нарекува сулфорафан се смета дека е одговорна за намалување на нивото на гликоза во лабораториски експерименти со глувци со дијабетес. Во експериментот се забележало намалување на нивото од 10% што е доволно за да се намалат компликациите во очите, бубрезите и крвта.

Уште една студија била направена со 97 волонтери во траење од 12 недели, при што се дошло до најдобри резултати кај учесниците со највисоко ниво на гликоза. Учесниците земале доза на состојката еднаква на 5 килограми брокула дневно. Сите, освен тројца од нив продолжиле да земаат метформин, лек кој служи за регулирање на шеќерот во крвта кај луѓето со дијабетес.

Научниците сметаат дека сулфорафанот може да го замени метформинот само кај некои од пациентите, т.е. кај оние 15% кои не можат да го земаат лекот затоа што постои ризик од оштетување на бубрезите.

Само во САД има 29 милиони луѓе со дијабетес тип 2 и бројот има тенденција постојано да расте.

Елизабет Робертсон, која учествувала во овие студии, за “New Scientist” изјавила дека е потребно да се направат поисцрпни студии за истото, а во меѓувреме се препорачува пациентите да се држат до лековите кои им се препишани од лекарите.
Подготвил: М.Д.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Здравје