X
 19.06.2018 Живот

Нов модел за вработување Балканци во Германија

Живеете на Балканот, а сакате да работите во Германија? Заборавете на азил и на работа на црно и легално побарајте работна дозвола. Кон крајот на 2015 година стапи во сила Регулативата за Западен Балкан.

Поедноставената процедура требаше на граѓаните од земјите на Западен Балкан да им го олесни заминувањето во Германија. Но, олеснувањата очигледно не се исти за сите. Додека за физичарите, математичарите, инженерите, лекарите и информатичарите долната граница за добивање „син картон“ е спуштена на 40.000 евра, за останатите академски граѓани и понатаму е 50.000 евра годишна плата.

За занаетчиите не постојат парични ограничувања, но медицинскиот персонал, возачите и фризерите многу полесно добиваат работа во Германија отколку, на пример, трговците.

Во 2017 година бројот на издадени работни дозволи се зголемил за 60 отсто. Но, истовремено се зголеми и бројот на одбиени.

До август 2017 година Сојузната агенција за труд издала околу 63.000 работни дозволи, но и околу 17.500 лица биле одбиени. Најмногу пристигнале Албанци. На второто место се граѓаните на Босна и Херцеговина, а на третото Србите.

Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот