X
 19.06.2019 Култура

Јутјубер создаде своја верзија од финалето на „Игра на троновите“. Фановите се воодушевени

Иако последната епизода од „Игра на троновите“ беше емитувана пред еден месец, голем број фанови и понатаму не можат да се помират со тоа како заврши серијата што ја следеа осум години. Дискусиите за тоа како требаше да заврши не стивнуваат, а еден јутјубер одлучи да ги преземе работите во свои раце и да создаде своја верзија. Повеќето фанови се согласуваат дека неговиот крај е подобар од оригиналот.

- Сценарист сум и имам шест години искуство во пишување за филм и телевизија. Мислам дека осмата сезона беше избрзана и заслужуваше подобар крај - вели Даниел Виден.

На самиот почеток нагласи дека ќе го испочитува бројот на епизоди за да има исто ограничување како и сценаристите Вајс и Бениоф. Според него, една од најголемите грешки во серијата е прераната смрт на Ноќниот крал, а замерува и што развојот на некои ликови во последната сезона целосно е занемарен.

Промените би ги вовел од третата епизода, а во неа би го променил само крајот.

- Северњаците и војската на Дени би се соочиле со Ноќниот крал, како и што се случи, но тој би издвоил победа, а преживеаните би биле присилени да се повлечат во Кингс Лендинг. Санса и Тирион би се нашле во опасност, а Арја и Џон би им помогнале. Во меѓувреме, Дени би се соочила со Ноќниот крал, и двата на змејовите, а Теон би го заштитил Брен - вели Даниел.

Во неговата верзија Брен би имал многу поактивна улога.

bren
Фото: Printscreen/Youtube


- Бен би ги искористил своите способности за да им помогне на сојузниците и така би влегол во змејот Висерион за тој да се бори на страната на живите додека Џон му се спротивставува на Ноќниот крал во двобој со мечеви. И покрај сè, Ноќниот крал би извојувал победа, сите мртви повторно би станале, а преживеаните би избегале во Кингс Лендинг за Серси да ги има сите карти. Таа прифаќа да ги заштити под услов Дени да ѝ се поклони, на што ќе биде присилена да прифати - вели Даниел.

Во неговата верзија би се покажало дека Ноќниот крал не може да биде убиен со змејско стакло и тој повторно напаѓа, овој пат во Кингс Лендинг. Овде на сцена повторно настапува Брен, кој се враќа во минатото за да сфати на кој начин може да го порази непријателот.

- Брен сфаќа дека уништувањето на дрвото каде што е создаден Ноќниот крал би можело да ја уништи целата магија на светот, па така и Ноќниот крал, но исто така би го убило и Џон, кој токму со таа магија е вратен во живот. Тоа ќе значи дека Ноќниот крал ќе сака да го заштити дрвото по секоја цена. Џон прифаќа, а Дени (која во оваа верзија е трудна) лета со змејот да го уништи дрвото и таму се соочува со Ноќниот крал. Успева да ги запали дрвото и Ноќниот крал, а додека тој умира, умира и Џон, како и сите Бели шетачи.

Во верзијата на Даниел, Џејми по битката се враќа кај Серси, но не знаеме дали сака да ја убие или да ѝ се придружи.

- Одеднаш се појавува Еларија Сенд, која го убива Џејми, но излегува дека тоа всушност не е Џејми, туку Арја која го искористила неговото лице за да ѝ се приближи на Серси (Арја на крајот сепак ќе преживее). Вистинскиот Џејми се расправа со Серси, која сака да го убие секој што ја поддржувал Дени, а нему му наредува тоа и да го направи. Џејми на крајот ја убива со меч низ срцето.

Денерис е таа што седнува на тронот бидејќи таа и детето на Трон сега се наследници.

Фановите на серијата се воодушевени од неговата верзија.

- Ова е крај каков што заслуживме - вели еден фан.

Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура