X
 19.06.2019 Наука

Која ќе биде првата жена што ќе стапне на Месечината?

Во НАСА има 12 жени-астронаути и веројатно една од нив ќе биде жената што прва ќе стапне на Месечината до 2024 година. Кандидатките имаат помеѓу 40 и 54 години, имаат различни професии, а американската вселенска агенција ги избра меѓу илјада пријавени.

Невозможно е да се предвиди која од нив ќе биде избрана да му се придружи на Нил Армстронг во историските учебници, но поранешните астронаути и експерти велат дека веројатно ќе биде една од нив, а не некоја од идните млади сили.

На самиот почеток НАСА регрутира војници, мажи. 12-те астронаути што биле испратени на Месечината помеѓу 1969 и 1972 година биле мажи. Првата жена во вселената била Сали Рајд, во 1983 година.

1
Фото: NASA

НАСА вети една жена


За патувањето на Месечината НАСА вети и една жена.

- Не би имал ништо против почетнички. Но, постојат доволно жени-астронаути што веќе летале и знаат како реагираат во вселената - вели Ејлин Колинс, поранешен астронаут што пилотирала и заповедала со вселенските летала во 90-тите години.

- Би било подобро да се испрати некој што имал најмалку еден лет - вели Кен Боуерсокс, висок офицер на НАСА.

Четири жени меѓу нив би претставувале најдобра рамнотежа меѓу младоста и искуството, оценуваат експертите.

На возраст од 40 и 41, тоа се поранешен воен пилот на хеликоптер, Ана Меклејн, која до крајот од јуни ќе биде на Меѓународната вселенска станица, инженерот Кристина Кох, биологот Џесика Меир и поранешниот пилот Никола Ман, која учествувала во војните во Ирак и Авганистан.

Во рамките на вселенската програма „Аполо“, помеѓу 1969 и 1972 година на Месечината биле испратени шест мисии со човечки екипаж, а Вашингтон вети дека САД ќе бидат првите што во 21 век ќе ги вратат луѓето на површината на Месечината.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука