X
 19.06.2020 Здравје

156 новозаболени од Ковид-19, починаа 6 пациенти

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.227 тестирања, а регистрирани се 156 нови случаи на Ковид-19. Починати се 6 пациенти, а оздравени 27.


Новозаразени по градови се:

Скопје- 100
Куманово-11
Дебар-1
Штип-6
Прилеп-1
Тетово-19
Струга-2
Велес-6
Битола-1
Охрид-1
Кавадарци-1
Гостивар-1
Гевгелија-1
Кочани-3
Кратово-1
Свети Николе-1

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 27 оздравени пациенти од: Скопје-10, Штип-3, Тетово-10, Велес-1, Битола-1 и Неготино-2.

Починати се 6 лица, четворица пациенти од Скопје и двајца од Тетово. На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби починати се 2 лица од Скопје, пациентка на 70 години, хоспитализирана на 16 јуни, и пациентка на 76 години, хоспитализирана на 10 јуни на клиниката.

На Клиниката за нефрологија почината е пациентка од Скопје на 74 години и на Институтот за белодробни заболувања и ТБЦ почината е пациентка од Скопје исто така на возраст од 74 години.

Во ГОБ „8 Септември“ почина пациентка од Тетово на 66 години, примена во болницата на 14 јуни. Во КБ Тетово почина пациент на возраст од 71 година, хоспитализиран на 16 јуни.

Вкупната бројка на дијагностицирани со Ковид-19 во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 4.820, бројката на оздравени пациенти е 1.863, на починати е 222, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2.735. Во моментов дистрибуцијата по градови е следна:

- Скопје 2.343, активни 1.593
- Куманово 679, активни 230
- Дебар 63, активни 11
- Штип 260, активни 208
- Прилеп 230, активни 17
- Тетово 500, активни 304
- Струга 149, активни 70
- Велес 162, активни 34
- Битола 38, активни 9
- Охрид 91, активни 72
- Кавадарци 9, активни 4
- Гостивар 79, активни 53
- Гевгелија 9, активни 5 (*2 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Богданци)
- Струмица 10, активни 7
- Крива Паланка 10, активни 4
- Радовиш 4, активни 0
- Крушево 5, активни 2
- Кочани 59, активни 26
- Пробиштип 11, активни 9
- Демир Хисар 1, активни 0
- Македонски Брод 3, активни 1
- Пехчево 5, активни 2
- Берово 2, активни 1
- Валандово 5, активни 3
- Виница 3, активни 0
- Делчево 1, активни 0
- Кратово 5, активни 3
- Свети Николе 12, активни 10
- Кичево 5, активни 2
- Ресен 48, активни 47
- Неготино 19, активни 8 (* 10 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)


Активни случаи по општини Скопје заклучно со вчера (по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје)
- Чаир – 352
- Аеродром - 127
- Бутел - 117
- Гази Баба - 128
- Центар – 123
- Карпош – 108
- Сарај – 109
- Кисела Вода – 82
- Ѓорче Петров – 63
- Студеничани – 75
- Шуто Оризари – 54
- Арачиново – 44
- Илинден – 24
- Петровец – 12
- Чучер Сандево – 8
- Сопиште – 11
- Странец – 4
- Нераспределен-51

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Здравје