X
 19.06.2020 Култура

Еве кога почнува снимањето на новите епизоди од серијата „Пријатели“

Долгоочекуваното повторно снимање на серијата „Пријатели“ требаше да се случи на почетокот од годината, но беше одложено поради пандемијата на коронавирусот. Сега е објавен нов датум за снимање.

- Се надевам дека ќе можеме да снимаме во август, ако сè оди добро и нема ран втор бран. Ако сè биде како што треба и ако ги почитуваме сите мерки, ќе се снима помеѓу средината и крајот на август - изјави Марта Кауфман, креатор на серијата.

„Пријатели“ првично се емитуваше на Ен-би-си од септември 1994 до мај 2004 година и имаше 10 сезони и 236 епизоди. Обожавателите низ светот очајно го очекуваат повторното собирање на Џенифер Анистон, Кортни Кокс, Лиса Кудроу, Мет Лебланк, Метју Пери и Дејвид Швимер.

За време на пандемијата серијата „Пријатели“ беше најгледана во САД.

Извор: Independent Uk
Фото: Screenshot/YouTube
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура