X
 19.06.2020 Здравје

Стомачните бактерии може да влијаат врз прехранбените навики кај некои животни

Бактериите во стомакот се мали, но може да играат голема улога во дигестивното здравје на животното и целиот организам.

Според ново истражување објавено во „Нејчр“, одредени стомачни бактерии кај црвите може да влијаат врз нивното однесување во поглед на јадењето.

- Постојано откриваме изненадувачки улоги на стомачните бактерии кои имаат влијание и надвор од стомакот - вели Роберт Ридл, програмски директор на американскиот Национален институт за невролошки нарушувања и мозочни удари, кој финансиски го поддржал истражувањето.


Фото: Pexels

Во новата студија се гледа дека стомачните бактерии влијаат врз начинот на кој животното гледа на околината и го поттикнуваат да го бара надворешниот еквивалент на истите бактерии, вели Ридл. Со други зборови, надворешните бактерии од истиот вид како оние во стомакот се повкусни за животното.

Истражувачите сакале да проверат дали стомачните бактерии може да го контролираат однесувањето на животното, а во истражувањето користеле црви. Според нивните претпоставки, хемиската супстанција во мозокот наречена тирамин можеби игра улога во влијанието на стомачните бактерии врз однесувањето на животното.


Фото: Pexels

Експериментите покажале дека бактериите може да ја преземат контролата врз процесот на донесување одлуки на животното во поглед на неговите сетила, што влијае врз реакцијата на мириси и вкусови на животното. Така, бактеријата може да го контролира изборот на храна на животното.

Многу гени и биохемиски процеси се исти кај црвите и цицачите, но не се знае дали стомачните бактерии може да го имаат ова влијание и кај другите животни освен црвите.

Извор: nih.gov
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Здравје