X
 19.06.2022 Економија

Кина ќе им помага на дипломците да почнат бизнис во руралните средини

Кинеската Влада ќе нуди даночни олеснувања и кредити за дипломци кои ќе започнат бизнис во руралните средини. Ќе бидат понудени и поволности за постојните мали бизниси во селата кои ќе вработат нови дипломци, дури и во области како одржување на домот и грижа за стари лица.

Целта на овие мерки е да се реши проблемот со рекордната невработеност помеѓу младите во урбаните региони. Поголемиот дел од новодипломираните млади жители на Кина сакаат да работат за компании во големите градови, каде што платите се повисоки отколку во руралните предели.

Во следните две месеца во Кина треба да дипломираат рекордни 10,76 милиони студенти.

Кинескиот економски развој значајно забавил во првата половина од 2022 година поради коронавирусот. Невработеноста кај младите на возраст од 16 до 24 години во урбаните региони стигнала до рекордни 18,2% во мај.

Извор: CNN
Насловна фотографија: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Економија