X
 19.07.2018 Забава

Колку чини летањето со приватен авион?

Сон на многу луѓе кои често летаат со авион е да имаат приватен авион и да ги избегнуваат терминалите. Во зависност од вашиот буџет за патување, можеби и би можеле да изнајмите приватен авион за слетниот лет.

Летањето со приватен авион можете да си го дозволите полесно отколку што мислите. Ако летате најмалку 150 часа годипно, приватниот авион можеби би ви се исплатил повеќе од летањето со комерцијални летови.

Колку чини да се изнајми приватен авион?

Може да се каже дека мнознството луѓе немаат меѓу 1,4 и 20 милиони долари на сметка во банка за купување приватен авион. Покрај основните трошоци, морате да платите и екипаж, да купите гориво и да го одржувате леталото. Замената на една гума може да чини околу 2.000 долари.

Поседувањето авион е скапо.

Наједноставно за многу луѓе е да изнајмат авион, што се плаќа по час. Колку ќе платите, зависи од повеќе фактори како траењето на летот, големината на авионот, бројот на патници и тоа дали сте член на некој клуб.

Може да заштедите ако се приклучите во приватен аеро клуб. Основното членство во приватен аеро клуб е околу 1.000 долари месечно. На таа сума се додаваат трошоците за изнајмување на авионот, додека неограниченото членство во клубот може да чини 10.000 долари месечно.

Не морате да сте милионер за повремено да летате со приватен лет, но сигурно е дека мора да имате сериозна сума на пари за такво нешто.

Сепак, во САД има неколку начини на кои можете да летате со приватен лет низ земјата. Иако лесно може да чини и илјада долари за час, можно е и да се лета за 129 долари.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Забава