X
 19.07.2019 Образование

Во академската 2018/2019 година запишани 53.677 студенти

Во Република Северна Македонија во академската 2018/2019 година се запишани вкупно 53.677 студенти, што претставува намалување за 5,7 отсто во споредба со академската 2017/2018 година.

Од нив, 56,6 отсто или 30.352 се студентки, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Најголем број студенти - 87 проценти се запишани на државните високообразовни установи, додека 12,4 отсто се на приватните високообразовни установи.

Во прва година на студии, во академската 2018/2019 година се запишани 13.931 студент или 26 отсто (тука се опфатени и студентите што по втор, трет и повеќепати запишуваат прва година).

Извор: МИА

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование