X
 19.07.2020 Живот

Грета Тунберг во отворено писмо побара од лидерите итна акција за климатските промени

Грета Тунберг побара од светските лидери да преземат итни и соодветни мерки за вистински да се справат со климатската криза. Во отворено писмо потпишано од илјадници активисти, познати личности и стотици научници, Тунберг побара од лидерите веднаш да започнат со трката за зачувување на истите услови за живот на Земјата во иднина.

Писмото било испратено до лидери во Европската Унија и лидери на држави низ светот. Тоа е потпишано од Малала Јусафзаи, Леонардо ди Каприо, Пријанка Чопра, Џејн Фонда, Шон Мендез, Марк Рафало, Маргарет Атвуд и многу други.

Младата Швеѓанка, која стана популарна по нејзиниот активизам за климатските промени, го напишала писмото заедно со други активисти и организатори на штрајкот за климатски промени во кој Тунберг е дел. Во писмото се поставуваат барања кои се клучни за „нашите шанси за одбегнување климатска и еколошка катастрофа“, како стопирање на сите инвестиции во истражување и ископување фосилни горива.



Во писмото се бара и транспарентност во известувањето за емисиите во превозната и меѓународната авионска индустрија, како и поголемо вложување од страна на земјите во намалувањето на емисиите на штетни гасови. Конечно, во писмото се бара и намалување на расната, економска и полова нееднаквост во климатските закони.

Писмото било испратено до лидерите на земјите во Европската Унија во четвртокот, еден ден пред самитот на Европскиот совет. Писмото е достапно тука за читање и додавање потписи.

Автор: Шенон Конлан
Извор: mashable.com
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот