X
 19.08.2018 Забава

„Нашите политичари мислат дека се богови, а Курц лета сам без обезбедување“

„И така седнувам јас синоќа на летот од Барселона за Виена, патувам со нискотарифна компанија („Евровингс“), кога влегува некоја позната фаца - гледам малите се сликаат со него, возрасните го поздравуваат, ја прашувам стјуардесата кој е, вели австрискиот канцелар Себастијан Курц.“

Вака започнува статусот напишан на „Фејсбук“ од страна на Никола Грубишиќ, кој бил воодушевен од тоа што австрискиот канцелар лежерно облечен летал во економска класа, се сликал со децата во авионот и патувал без обебедување. По патувањето сам си го земал багажот и си заминал.

Статусот на Грубишиќ продолжува вака:

„Значи австрискиот канцелар уредно чекаше со сите останати патници во нискотарифниот лет кој доцнеше два часа, седна во економска класа, без делегација, обезбедување и останати нешта без кои нашите политичари не можат ни до веце...

Кога слетавме во Виена, мислев дека барем таму ќе го дочека обезбедување, меѓутоа човекот излезе како сите останати патници, сам си го зеде багажот и го напушти аеродромот сам...

Грубишиќ потоа прави споредба со нашите политичари, за кои наведува дека мислат дека се богови.

Статусот на Грубишиќ брзо стана хит на социјалните мрежи и беше споделен илјадници пати.

Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Забава