X
 19.08.2019 Живот

Руски борбен авион достигна височина од 20.000 метри

Борбен авион „миг-31БМ“ од поморската авијација на руската Тихоокеанска флота за миг се најде во вселенскиот простор над Земјата, соопштија руските власти.

- Овие нови модернизирани височински борбени авиони-пресретнувачи, „миг-31БМ“, првпат беа употребени во воени вежби - соопшти Источниот воен округ на руската војска.

Авионот достигна височина од над 20.000 метри, при брзина од 2.500 км на час.

„Миг-31БМ“ е нова верзија на авионите „миг“ со нов современ систем за управување со оружјето и нов софистициран локатор.

Извор: МИА

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот