X
 19.08.2021 Наука

По вулканска ерупција, во Јапонија се појави нов остров

Јапонскиот архипелаг има над 6.800 острови, а од неодамна има уште еден нов. Станува збор за остров со дијаметар од околу 1 километар кој се појавил по ерупција на вулкан минатата недела.

Островот бил откриен додека вршеле проверка на вулканската ерупција. Според „Форбс“, островот е врв на огромен подводен вулкан наречен Фукутоку-Оканоба.



Кога еруптира подводен вулкан, лавата може да создаде материјал кој кога ќе се искачи над морското ниво, создава вулкански остров, пишува „Инчрестинг инџиниринг“. Ова не се случува ретко, особено не покрај Јапонија. Во Јапонија се формирале нови острови на овој начин и во 1904, 1914 и 1986 година, но сите потонале поради ерозија.

Новиот остров би можел да биде привремен или траен доколку вулканот продолжи да еруптира и со тоа да создава поцврста почва.

Извор: Interesting Engineering
Фото: Twitter 
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука