X
 19.09.2019 Образование

На ФЕИТ по седми пат Code@FEIT2019

Од 23 до 27 септември 2019 година, по седми пат, Институтот за компјутерски технологии и инженерство при Факултетот за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ) организира воведен курс за програмирање Code@FEIT 2019.

Курсот ќе го посетуваат идните, новозапишани студенти на ФЕИТ (без претходно програмерско искуство), постојните студенти на Факултетот и лица што имаат желба да се запознаат со основите на програмирањето.

Сите учесници ќе имаат можност да се запознаат со основите на програмирањето и за тоа како се дизајнираат алгоритми. Преку интерактивната настава, практично, ќе можат да преточуваат проблеми во алгоритми, односно потоа во програмски код.

Целта на курсот е да се покажат најновите пристапи кон програмирањето и да се мотивираат младите лица да учат програмирање и да креираат софтверски апликации. Интерактивната настава ќе ја покрие наставниот и соработничкиот кадар на Институтот за КТИ и кадар од Факултетската компјутерска лабораторија.

- Code@FEIT е особено успешна приказна, која седма година по ред ќе ја организира Факултетот за електротехника и информациски технологии. Повеќе од четиристотини слушатели од различни профили, во изминатите години, токму преку овој курс, се запознаа со основите на програмирањето. Наставниот кадар на Институтот за КТИ при ФЕИТ со задоволство ќе продолжи да го пренесува своето долгогодишно искуство и знаење на сите што се заинтересирани да навлезат во тајните на програмирањето. Се надеваме на уште многу успешни настани - вели вонреден професор Марија Календар, раководител на Институтот за КТИ при ФЕИТ.

Сите заинтересирани може да добијат подетални информации на официјалната веб-страница на ФЕИТ или преку електронска пошта: codeatfeit@feit.ukim.edu.mk.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование