X
 19.09.2021 Наша тема

Кога бев студент со Дино Имери, доктори музичари, Андреевски за Конески... Што пишувавме неделава

Во случај да пропуштивте...

Слаѓан Пенев, селектор на „Браќа Манаки“: Кога еден од клучните елементи се гостите од странство, секој ден ги проверувате новите ковид-статистики, менувате аранжмани... Откако пред две години одекна мотото „Еден кадар за мене, еден за историјата“ на браќата Милтон и Јанаки Манаки, со кои започна балканската филмска историја во Битола, четиридеценискиот континуитет на Интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“ лани беше прекинат поради пандемијата, но годинава, на огромно задоволство на љубителите на филмот, фестивалот продолжува со своето физичко издание.

„Кога бев студент“ со пијанистот Дино Имери: Од професорите во мојот живот научив дека, пред сѐ, треба да бидеш човек: Клавијатурите на татко ми беа дома, а јас не можев да се одвојам од нив. Тоа ми беше една важна детска игра, која подоцна прерасна во мој личен и интимен простор, вели нашиот истакнат пијанист Дино Имери за љубовта што ја имал кон неговиот инструмент.

Средношколците на лаптопи ќе полагаат пробно ПИСА-тестирање: Ние можеме да си кажуваме дека сме најдобри, но релевантните тестирања ни кажуваат каде сме во споредба со другите држави. Ова ќе ни покаже што треба да менуваме во средното образование, вели директорката Елизабета Наумовска.

Сергеј Андреевски: Конески беше низок по раст, но човек со планетарен дух: Стојам на ставот дека најголемата опасност за нашиот јазик, а и за опстанокот на нашата држава, доаѓа од овде, од дома. Ние сме единствениот народ на светот што прави сè што е погубно за себе и за сопствената држава. Често помислувам дека ние не ја заслужуваме нашата држава. Во светот постојат многу групи на народи што катадневно се борат да добијат своја држава, своја автономија, а ние од сето тоа лесно се откажуваме, го оставаме како да ни е тукутака подарено, тежнеејќи кон туѓото, како да е повредно, поубаво, вели Андреевски.

Доктори музичари: Паскалов, педијатар - страстен блузер, ортопедот Калковалиев вљубеник во винил-плочите: Во слободните денови знам да поминам часови над грамофонот, со детално преслушување на цели албуми. Мислам дека слушањето плочи, на некој начин, е мој личен отпор кон брзиот начин на живот и развојот на технологијата, која со сите предности на модерното живеење, истовремено и многу ни одзема, вели ортопедот Борислав Калковалиев.


Руска принцеза која пред еден век лекувала болни во Битола стана лик во видеоигра

Направивме едукативна видеоигра за Првата светска војна без да испукаме ни еден куршум. Игра во која се спасуваат војници, без насилство, велат креаторите, а целта е младите да се запознаат со историјата и да се вратат во музеите

Издвојуваме

Наша тема