X
 19.09.2021 Живот

Што значи кога сонувате дека паѓате?

Речиси секој некогаш се разбудил испотен и исплашен, чувствувајќи како срцето му чука силно и брзо. Знаете што е причината - сте сонувале дека паѓате. Овие соништа може да бидат многу страшни.

Во поголемиот број од случаите кошмарите имаат врска со некакво искуство од реалниот живот. Некои директно ги покажуваат проблемите од реалноста, а некои преку симболи.

На повеќето ни се случило да се разбудиме од сон во кој сме паѓале. Таквиот сон најчесто одговара на ситуации кога се чувствуваме изневерени и без доволно поддршка. Можно е да се јави кога ќе бидеме разочарани во реалноста или по крај на љубовна или пријателска врска.

Психолозите го толкуваат овој сон како повик од сопствената потсвест да се соочиме со емоциите и да го надминеме чувството на напуштеност.

Извор: DDL
Фото: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот