X
 19.09.2022 Политика

Погребот на кралицата Елизабета Втора се подготвувал 20 години

Денеска е погребот на кралицата Елизабета Втора. Се очекува околу 2.000 лица да влезат во Вестминстерската опатија за да ѝ оддадат почест на кралицата, која почина на 8 септември, на 96-годишна возраст.

Погребот се планирал дури 20 години. Главниот човек кој стои зад планот за погребот го направил тоа бесплатно. Британските медиуми пренесуваат дека одговорноста за планирањето на погребот на кралицата била на Едвард Фитцалан-Хауард, кој е 18. војвода од Норфолк.

Фитцалан-Хауард, кој има 65 години, изјавил дека било „прилично страшно“ да се погрижи погребот да оди според план. Една од неговите обврски како војвода е да организира кралски погреби и крунисувања. Тој е потомок на истото семејство кое ги планирало кралските погреби и крунисувања од 1672 година.



Во последните две децении тој имал помош од дури 280 луѓе. Во планирањето, тој го користел погребот на кралот Џорџ Први како основа, но неопходно било да се направат промени. Една од најголемите промени била локацијата на погребот бидејќи церемонијата за погребот за кралицата е во Вестминстерската опатија наместо во замокот Виндзор поради поголемиот број гости.

Покрај годините вложени во планирањето на погребот, војводата изјавил дека не бил платен за тоа.

- Одлучив да не ѝ наплатам на државата ниту едно пени за мојата работа како гроф маршал - изјавил тој.

Извор: Insider
Насловна фотографија: The royal family
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Политика