X
 19.10.2021 Живот

Чешка го укинува ДДВ на струјата и на гасот за ноември и декември

Чешката влада во заминување привремено ја запре наплатата на данокот на додадена вредност (ДДВ) на електричната енергија и на гасот за да им олесни на граѓаните на кои им пристигнуваат високи сметки.

Во ноември и во декември нема да се наплаќа ДДВ на електричната енергија и на гасот, соопшти чешкото министерство за финансии.

- Владата реагираше на многу невообичаена ситуација - истакна тамошната министерка за финансии Алена Шилерова.

За оваа мерка од државниот буџет ќе се одвојат околу 157 милиони евра.

Владата сугерира и дополнување на законите со кое од идната година воопшто не би се плаќало ДДВ за електрична енергија и за гас.

Лидерот на опозицијата, Петр Фијала, се спротивстави на запирањето на наплатата, велејќи дека подобро решение би биле целни субвенции за домаќинства со ниски примања.

Мерката допрва треба да ја одобри Европската комисија, а таа временски се совпадна со вртоглавиот раст на цените на струјата и на гасот, што навести и жесток ценовен удар врз домаќинствата и ги принуди владите на интервенција.

Извор: 24sata
Насловна фотографија: Unsplash

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот