X
 19.10.2021 Живот

Кршат бетонски плочи со глава, лежат на скршено стакло... - воена вежба во Северна Кореја

Животот во Северна Кореја не само што ни е непознат, туку и чуден, а снимките од воените вежби што неодамна се одржаa потврдуваат дека таму се живее паралелен живот.

Видеото, кое ги прикажува најдобрите војници на севернокорејската армија како изведуваат екстремни борачки вежби со цел да го импресионираат лидерот Ким Јонг-ун, стана вирално со брзина на светлината.


Воените вежби се емитувани на севернокорејската национална телевизија. Делот каде што војниците покажуваат што знаат и умеат подоцна беше продолжен со презентација на оружје и воздушни маневри.

На видеото сѐ изгледа нереално бидејќи војниците кршат бетонски плочи со главите, а други удираат со чекан бетонски плочи поставени на стомакот и рацете на војниците. Некои војници лежат на скршено стакло, а двајца војници ставаат метална шипка на вратот и полека почнуваат да се приближуваат со цел да ја свиткаат.

Извор: 6yka.com
Фото: Screenshot/Twitter
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот