X
 19.11.2015 Култура

Џек Керуак: „Нешто добро ќе излезе од сите работи"

Понекогаш приказната за една книга е исто толку интересна како приказната во книгата. Така на пример, книггата „On the road“ од Џек Керуак. Кога книгата била прв пат објавена, била опишана како најубавиот, најчистиот и најважниот исказ направен од самиот Керуак.

Како што приказната од книгата се одвиваше, Керуак ја напишал книгата на една ролна хартија во период од 3 недели во 1951 година. Тој продолжил да уредува и да составува делови, сечејќи и лепејќи ги на хартијата, додека конечно не ја објавил во 1957 година.

Оригиналниот ракопис, може да се види во целост во музејска изложба како онаа во „Boott Cotton Mills Museum“ во 2007 година.

„Оn the road“ е книга која секој читател си ја должи на самиот себеси да ја прочита. Идеите, емоциите и увидите во книгата се исто толку вистинити денес како и во доцните 40-ти, кога приказната се случува. Керуак дава толку многу за литературниот свет. Ова се некои од неговите цитати кои директно зборуваат за креативност, остроумност и страст.

„Нешто добро ќе излезе од сите работи“.

„Единствените луѓе за мене се лудите, оние кои се луди за да живеат лудо, луди да зборуваат, луди да бидат спасени, со желба за се` во исто време, оние кои никогаш не се прозеваат или не кажуваат нешто вообичаено, но горат, горат како прекрасна жолта римска свеќа, експлодирајќи како пајаци низ ѕвездите“.

„Еден ден ќе ги пронајдам вистинските зборови, и тие ќе бидат едноставни“.

„Работите се толку тешки за да се откријат кога живееш од ден во ден во овој нездрав и глупав свет“.

„Живеј, патувај, доживувај авантури, благословувај и не жали за ништо“.

„Нема каде да одиш, туку секаде, па затоа продолжи да се тркалаш под ѕвездите“.

„Единствената вистина е музиката“.

„Мојата грешка и мојот неуспех не се наоѓа во страста што ја имам, туку од мојот недостаток да ги контролирам“.

„Болката го избоди моето срце, исто како што секој пат што се случува кога ќе ја видев девојката што ја сакам како оди во спротивна насока во овој преголем свет“.

„Среќата се состои во сфаќањето дека се е чуден сон“.

„Бидејќи на крајот, нема да се сеќаваш на времето поминато работејќи во канцеларијата или косејќи го тревникот. Затоа, искачете се на проклетата планина“.

„Најдобар наставник е искуството, и тоа не преку нечија искривена гледна точка“.

„Видов дека мојот живот беше огромна блескава празна страница, а можев да правам се` што сакав“.

„Куќите се преполни со работи кои собираат прашина“.

„Големите работи не се исполнети од оние кои подлежуваат на трендовите и модата како и популарното мислење“.

„Не го користи телефонот. Луѓето никогаш не се подготвени да одговорат. Користи поезија“.

„Сфатив дека ова се сите слики кои нашите деца ќе ги гледаат еден ден со чудење, мислејќи дека нивните родители живееле добро нареден живот, секое утро будејќи се и одејќи со гордост на тротоарите на животот, никогаш не сонувајќи за лудилото и немирите на нашите вистински животи, нашата вистинска ноќ, пеколот во нив и бесмислените празнини“.

„Мојот сведок е празното небо“.

„Мислам дека немам никому ништо да му понудам освен мојата сопствена збунетост“.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура