X
 19.11.2019 Економија

Истражување: Еден процент од граѓаните можат да купат стан, 12 немаат ниту за храна

Само еден процент од граѓаните во земјава може да си дозволат да купат стан или викендичка, 57 отсто имаат доволно за храна и облека, 12 проценти немаат доволно средства ниту за храна, 44 проценти немаат средства за штедење.

Ова се резултатите од истражувањето за финансиска писменост кое е спроведено од Истражувачкиoт институт – Тим институт, а денеска беа претставени од Асоцијацијата на финансиски друштва, која е барател на истражувањето.

Филип Димитровска, претседател на Асоцијацијата, потенцира дека иако голем дел од населението немаат средства, истражувањето покажува дека мал дел од нив ги користат расположливите финансиски услуги, но во исто време и не располагаат со информации за можностите што им се нудат.

- Тоа е евидентно во резултатите - само 6 отсто зеле кредит од небанкарско финансиско друштво во изминатите 12 месеци и високи 52 отсто не користеле ниту една финансиска услуга од понудените во изминатите три години.

Димитровски посочи на растот на финансиските друштва, кои пак учествуваат само со 0,44 отсто од финансискиот сектор. Го наведе податокот од истражувањето дека две третини од оние што зеле кредит од финансиско друштво се изјасниле дека доколку тоа не постоело, ќе позајмеле од роднини или пријатели.

Корисници на услугите од финансиските друштва се 6 проценти од кредитоспособното население. Најчесто, како што рече Димитровски, ги одбираат услугите на финансиските друштва поради брзината на работењето, полесни поразбирливи услуги, подобра вредност за парите и желбата да пробуваат нови иновативни финансиски услуги. Најчеста причина поради која ги земаат средствата се поправки во домот, итни поправки и слично, различни поважни набавки како мобилен, апарати за домаќинство, мебел и сервисирање на други обврски.

Извор: МИА

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Економија