X
 19.11.2020 Здравје

Во болниците се лекуваат 1.258 пациенти, слободни се уште 60 болнички кревети

Во изминатите 24 часа во ковид-центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 820 пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот. По извештаите на болниците што пристигнуваат во Министерството за здравство на дневна основа, во болницата во Битола се хоспитализирани 71 пациент позитивни и суспектни на Ковид-19. Во болницата во Штип се хоспитализирани 59 пациенти. На инфективното одделение во Тетово има 37 пациенти, во Велес се лекуваат 69 болни, а во Куманово 100 пациенти. Во ковид-центарот во Охрид има хоспитализирано 104 пациенти, во Прилеп 116, во Гостивар 47, а во Струга 27 болни. Во болницата во Струмица лежат 93 пациенти, во Кочани 30, во Кичево 21, Кавадарци 38, а во Гевгелија 8 лица позитивни на коронавирусот.

Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот што се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 1.258 и има колку 60 празни болнички кревети во ковид-центрите. Во тек на денот се прават и исписи на оздравени пациенти, со што ќе се ослободат дополнителни легла.

Инаку, сите одделенија на клиничките болници располагаат со болнички места до кои има довод на кислород.
И покрај големиот наплив на пациенти во изминативе десетина дена, Министерството за здравство е во постојан контакт со сите болници и доколку има потреба, капацитетите на ковид-одделенијата ќе бидат дополнително проширени.

Издвојуваме

Здравје