X
 19.11.2021 Живот

Пијано форте стрингс во Љубљана

Гостувањето на Пијано форте стрингс во Словенија е резултат на повеќегодишна колаборација на две братски музички училишта, Пијано форте - Скопје и Валдорфска школа - Љубљана.

Учесниците се наши млади музички уметници, како и врвни музички педагози кои го сочинуваат камерниот ансамбл Пијано форте стрингс. Ансамблот се базира на филозофијата на врвна музика достапна за секого. На своите настапи секојпат негува високи културни вредности, со разновиден, приемчив репертоар и концертирање во несекојдневен сценски амбиент. Составот се менувал со текот на годините, па варира од камерни музички состави за придружба на млади солисти, камерни триа и дуети, како и солистички настапи на дел од членовите во рамките на заедничките рецитали.

Ансамблот ќе презентира македонско современо, како и народно музичко творештво пред словенечката публика.



На свечен концерт, покрај македонските композиции изведени од ансамблот, на репертоарот ќе има аранжман на словенечка народна мелодија за класичен состав и класични солистички и камерни дела. Домаќините од Словенија ќе имаат свој дел од програмата, на кој меѓу другото ќе прозвучат и македонски композиции.

Благодарение на мултимедијалните онлајн технологии, редуцирањето на бројот на гости во публиката ќе го компензираме преку отворениот онлајн линк. Секој што е заинтересиран да присуствува на овој концерт, а не е во можност да дојде во салите на Музејот на македонската борба во Скопје, односно „Валдорфсак школа“ во Љубљана, може да го стори тоа преку линкот до виртуелната концертна сала на Пијанофорте Скопје, поставен на веб-страницата https://pianoforte.edu.mk.

Проектот е делумно поддржан од Министерството за култура, како проект од национален интерес во културата во меѓународната дејност за 2021 година.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот