X
 19.12.2020 Живот

Слатка традиција што ја почитуваат Швеѓаните секоја сабота

Има многу причини зошто би ги сакале скандинавските традиции. Пред сè, шведската култура има многу обичаи за релаксација и уживање. Еден таков обичај е лордагсгодис (lördagsgodis), што се преведува како „саботни слатки“.

Станува збор за обичај за јадење слатки во текот на викендот додека уживате во домот. Традицијата започнала во 50-тите години како проект на владата со цел да се намали појавата на кариес кај децата, објаснува Ричард Телстром, професор на Универзитетот „Упсала“ во Шведска. Така, слатките се забранувале во текот на работната недела и се јаделе само за викендите.

- Нагласувајќи дека единствен ден во неделата за јадење слатки е саботата, започнал политичкиот проект за подобро здравје на забите - вели Телстром.

Не е јасно дали идејата била ефикасна, односно дали со иницијативата се намалила потрошувачката на слатки во Шведска, но се создала традиција, вели новинарката Аника Хипл.

- Јадењето слатки е посебно бидејќи се практикува само во сабота - тоа е нешто што се очекува во текот на неделата - вели таа.

Автор: Келси Оглтри
Извор: realsimple.com
Насловна фотографија: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот