X
 20.01.2019 Економија

„Нетфликс“ има речиси 9 милиони нови претплатници, но цената на акциите падна за 4 отсто

Приходите на „Нетфликс“ во изминатото тримесечие достигнаа 4,2 милијарди долари, 27 отсто повеќе за разлика од една година порано, при што бројот на нови претплатници само во тој квартал се зголемил за 8,8 милиони, на речиси 140 милиони.

Според извештајот на компанијата, чистата добивка во четвртиот квартал од минатата година изнесувала 134 милиони долари, 27 отсто помалку отколку пред една година. Растот на приходите се припишува на зголемениот број на претплатници, но добивката на „Нетфликс“ е опадната поради зголеменото вложување во купување содржини и производството на оригинална програма.

Според аналитичката куќа „Коуен енд Ко“, во текот на изминатото тримесечие „Нетфликс“ во САД емитирал рекордни 780 часа оригинална програма. Се проценува дека минатата година компанијата потрошила 13 милијарди долари на купување содржини и производство на сопствена програма.

Од „Нетфликс“ велат дека веројатно ќе продолжат со инвестициите. Компанијта неодамна најави и зголемување на претплатата во САД и во некои земји од Латинска Америка, што би можело да ѝ донесе дополнители приходи.

Аналитичарот Џорџ Салмон очекува претплатниците да ги прифатат новите цени, но предупредува на јакнењето на конкурентите. На пример, „Валт Дизни“ воведува онлајн понуда пореди што престана да продава содржини на „Нетфликс“.

-Загриижува тоа што меѓународните играчи како што се „Дизни“ и „Амазон“ нема да се предадат без борба, а тие имаат финансиска сила за прилично силен одговор. Битката за гледачите штотуку започна - вели Салмон.

Сепак, за брзото ширење на „Нетфликс“, чии услуги се достапни во 190 земји во светот, сведок е и фактот дека повеќе од половина од сите претплатници се надвор од САД.

Од 8,8 милиони нови претплатници во изминатото тримесечие, што е шест отсто повеќе во однос на претходниот квартал, 1,5 милиони се од САД, а 7,3 милиони се од други земји. Во текот на изминатата година бројот на претплатници се зголемил за 29 милиони или 33 во однос на 2017 година.

Иако кварталните резултати се подобри отколку што очекуваа аналитичарите во анкетата на Ројтерс, цената на акциите на „Нетфликс“ падна во четвртокот во продолженото тргување на Вол Стрит и тоа за повеќе од четири отсто.

Тоа е последица на послабите проценки на работата на компанијата за првото тримесечие од оваа година, но и на корекцијата на цената по претходниот силен раст. Имено, од почетокот на оваа година, цената на акциите на „Нетфликс“ порасна за 30 отсто. 
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Економија