X
 20.01.2022 Живот

Австралија привремено укинува одредени трошоци за студентска и туристичка виза

Владата на Австралија ќе ги рефундира трошоците за виза на студентите и туристите кои сакаат да дојдат во земјата со цел да ги пополнат слободните работни места кои се отворија како последица на пандемијата.

Премиерот Скот Морисон изјавил дека ќе им се рефундираат трошоците за аплицирање за виза на туристите во Австралија кои ќе влезат во земјата со студентска виза или привремена работна виза, пренесува „Блумберг“. Морисон додал дека се надева оти мерката ќе помогне во пополнување на некои слободни работни места во земјата, особено во угостителството и агрикултурата.

- Мојата порака до нив е „Дојдете долу. Дојдете долу сега“ - изјавил Морисон.


Фото: Pixabay

Последниве месеци Австралија се соочува со недостаток на работна сила поради зголемениот број случаи со ковид-19. Многу работници мора да се изолираат, што довело до проблеми како празни полици во супермаркетите.

Морисон открил дека новата мерка ќе важи за студентите кои ќе аплицираат во следните осум седмици и туристите кои ќе аплицираат во следните 12 седмици.

Мерката ќе ја чини владата околу 55 милиони австралиски долари. Владата очекува да се пријават дури 175.000 лица.

Извор: Bloomberg
Фото: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот