X
 20.02.2019 Култура

Се прашувате каде завршија популарните ролери од 90-тите?

Сообраќајот во Најроби е ужасен. Минибусите познати како „мататус“ се борат за простор со автомобилите, моторите и со количките влечени од луѓето, предизвикувајќи ужасен метеж.

Преку ова „бојно поле“ на автомобилите храбрите членови на заедница на скејтери во Кенија вешто се движат меѓу возилата, држејќи се за автобусите за да имаат поголема брзина и скокајќи над дупките. Без никаква опрема за безбедност, овие улични скејтери ги сакаат ризиците од овој спорт.

Возењето ролери достигна популарност во повеќето земји пред повеќе од 20 години. Кога луѓето се заситија, повеќето ролери или беа скриени во шкафовите или донирани во добротворни цели.

roleri
Фото: Duncan Moore


Во последниве години некои од нив успеале да стигнат до Источна Африка - поттикнувајќи неконтролирано возење ролери.

Тркајќи се на автопатот Тика во Најроби, Алан Ајига и неговите пријатели изгледаат смирени и одлучни. Очигледно е дека овие тројца скејтери се навикнати на трката еден со друг. Возењето ролери на главните патишта е прилично ризично, но недостигот на патеки и слабо одржуваните улици значат дека кениските скејтери мора да возат на најфреквентни улици.

- Се смета за спорт што го сакаат младите луѓе - постарите сметаат дека е прилично ризичен - вели Ајига, кој вози ролери од 2007 година. Како и неговите врсници, и тој е самоук - научил преку видеа на „Гугл“ и „Јутјуб“. Морал да се соочи со многу повреди и бил апсен поради кршење на сообраќајните правила, но тоа не го спречило да продолжи да ги вози.

Тој и неговите пријатели имаат многу причини зошто продолжуваат да возат ролери и покрај опасностите: адреналин, приходи од часовите за возење ролери и шанси да запознаат девојки. Но, едно нешто за кое сите се согласуваат е чувството за заедница што го обезбедува спортот.

- Можете да се запознаете со 20 луѓе во текот на денот. Разменувате контакти и сето тоа прераснува во нешто други. Ова е спорт што обединува - вели Ајига.

- Додека возиме, нема поделба на етнички групи иако постојано среќаваме луѓе од различно племе - додава тој.

2
Фото: Duncan Moore


Во земја каде што племенските врски влијаат врз сите аспекти на животот, од бизнисот до политиката и може да доведат до насилство, возењето ролери е уникатно.

Меѓутоа, станува збор за машка доминација.

- Да, главно момчиња возат ролери. Но, оваа генерација има и девојчиња што растат како скејтери - вели 20-годишната Ангела Марта.

Инклузивната култура на возење ролери во Кенија помогна да се зголеми популарноста. Голем број клубови патуваат низ целата земја за да се натпреваруваат. А со одличните резултати од тимот на Кенија во азискиот шампионат во 2018 година многумина се надеваат дека владата конечно ќе го сфати спортот сериозно.

roleri
Фото: Duncan Moore


Како што стекнува популарност овој спорт, така сѐ поголем број Кенијци го прифаќаат како легитимна активност. Семејствата од средна класа сега изнајмуваат скејтери за да ги научат нивните деца да возат.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура