X
 20.02.2022 Забава

Вака би изгледале логоата на познатите брендови во средниот век

Уметник од Санкт Петербург под псевдонимот „Илја Сталоне“ создаде серија оригинални логоа за познати брендови кои станаа многу популарни на интернет.

28-годишниот дизајнер-илустратор во една криптокомпанија бил инспириран да создаде серија „средновековни“ логоа по патувањето во Белорусија.

- Ги посетив замокот Мир и замокот Несвиж. Бев инспириран од комбинацијата на таа средина и разни активности во замоците - вели тој.

Кога го почнал проектот, уметникот не очекувал да стане толку познат во Русија, па дури и во странство. Популарноста на своите креации ја објаснува со оригиналноста на содржината.

2

- Средниот век е врвна романса. Станува збор за храбри витези и прекрасни принцези, огромни замоци и суетни кралеви. Знам дека луѓето го третираат овој период на различни начини: некои страшни работи се случија тогаш, но таквите настани и моменти го прават уникатно и интересно време - вели уметникот.

За Илја и неговото дело, проучувањето на средновековните теми не е ограничено само на историскиот поим на епохата; ја вклучува и духовитата страна од тоа време.

3

8

- Сликите од тоа време во некои аспекти се прилично смешни. На пример, тогаш немаше концепт за перспектива и ако сакаа да прикажат делфин, да речеме, тоа ќе беше само една голема риба. Поради таа живописна нарација, се појавија многу различни мемиња кои одекнуваат во главите на многу луѓе денес - вели тој.

7

4

Илја Сталоне во средниот век ги „праќа“ логоата на брендовите Пума, Плејбој, Лакоста, Инстаграм, Мајкрософт виндоус, Ауди, Бургер кинг, Јутјуб и други. Уметникот ги објавува своите дела на својот инстаграм-профил.

5

6

- Да бидам искрен, не очекував дека мојата средновековна збирка ќе стане толку популарна, а особено не дека ќе биде објавена во други земји и дека за неа ќе се пишува во медиумите. Би рекол дека тоа е затоа што луѓето сакаат оригинална содржина што немале можност да ја видат досега. Ако потоа додадете малку хумор за да комуницирате со некој добро познат елемент (во мојот случај тоа се брендовите), тогаш како резултат ќе добиете рецепт за едно одлично јадење кое секој ќе го сака - вели Илја.

Извор: Russia Beyond
Фото: Ilya Stalone/Instagram
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Забава